Американскиот претседател Џо Бајден најави дека ќе ја прекине својата кандидатура за реизбор, велејќи дека „тоа е во најдобар интерес на партија и на земјата“.
Неговата одлука доаѓа четири месеци пред Американците да излезат на гласање, со што тој ја прекинува трката за уште еден мандат во Белата куќа.
Врз неговата одлука влијаеше неколкунеделниот интензивен притисок од колегите Демократи по неуспешниот дебатен настап против републиканецот Доналд Трамп на крајот на јуни.
Во писмото објавено на неговиот профил на социјалните мрежи, вели дека му било најголема чест во животот да служи како претседател.
„И додека мојата намера беше да барам реизбор, верувам дека е во најдобар интерес за мојата партија и за земјата да се откажам и да се фокусирам исклучиво на исполнување на должностите како претседател до крајот на мојот мандат“, пишува Бајден.
Тој во својата изјава додава дека следната недела ќе и се обрати на нацијата за ова прашање.
Претседателот Бајден се заблагодари на својата потпретседателка Камала Харис, велејќи дека таа е „извонреден партнер“.