На митинг на Доналд Трамп во Пенсилванија имаше атентат, каде што поранешниот претседател беше погоден од далечина.
Додека го држеше говорот, Трамп падна на земја и на увото имаше крв. Брзо беше опколен од агенти на Тајната служба и остана на земја околу една минута. Потоа стана, ја подигна тупаницата во воздух, пред да биде изнесен од бината и одведен во возило, кое брзо го напуштило местото.
Ова е моментот кога беше пукано во поранешниот претседател Доналд Трамп.Во еден момент се забежува дека тој се држи за ушето додека се слушаат пукотници и обезбедувањето веднаш реагира и го изнесува.
Си-Ен-Ен јави дека НЕУТРАЛИЗИРАН е човекот кој почнал да пука, термин што означува дека напаѓачот е мртов.