Петровска се повлече од трката за претседател на СДСМ поради нефер изборен процес, побара формирање привремено раководство
Славјанка Петровска се повлекува од трката за претседател на СДСМ. Два дена пред изборите обвинува за нефер изборен процес, регистрацијата на членството не се вршела лично од нив, а некои од противкандидатите ги обвини дека злоупотребувале лични податоци на сопратијци. Петровска бара нејзиниот чекор да го следат и останатите кандидати, a изборите во недела да не се одржат и да се формира привремено раководство.
Јован Деспотовски вели дека засега нема видено докази за обвинувањата на Петровска, но се сложува со тоа дека целиот партиски изборен процес е сложен
Изборите во недела сепак ќе се одржат. Претседателката на Централната изборна комисија на СДСМ, Викторија Аврамовска-Мадиќ, вели дека партијата е подготвена, целиот процес е воден според патиските прописи, а лично право на кандидатите е дали ќе учествуваат или ќе се повлечат.
Незадоволството во СДСМ кое стартуваше со историски најголемиот пораз на изборите, секојдневно расте. Разочараноста на членството до израз дојде и со пријавувањето за гласање на изборите. Право на глас во недела ќе имаат нешто над 22.000 членство, што е за 3 до 4 пати помалку во однос на претходните два изборни циклуси за раководство. За победа во недела, еден од кандидатите треба да освои мнозинство од бројот на гласачи кои ќе излезат на изборите.