Албанија направи корекција од Северномакедонци во Македонци по реакцијата на Муцунски

Албанската агенција за статистика еден ден по објавата на резултатите изврши корекција и наместо „Северномакедонци“ го графата на пописот сега стои „Македонци“. Промената доаѓа по реакцијата на македонското Министерство за надворешни работи и комуникацијата на министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски со неговиот албански колега Игли Хасани.

– Колегата Хасани ме информираше дека станува збор за техничка грешка. Благодарен сум за брзата интервенција – изјави Муцунски за Канал 5.

Македонското Министерство за надворешни работи денеска испрати остра реакција за употребениот термин, како и оценка дека резултатите од пописот во Албанија не ја отсликуваат соодветно реалната бројка на етнички Македонци во земјата.

За натамошните чекори, МНР соопшти дека ќе го повика амбасадорот Данчо Марковски на итни консултации во Скопје.