Убедливо води ВМРО-ДПМНЕ, а Силјановска со 2,5 пати повеќе гласови од Пендаровски!

ВМРО-ДПМНЕ има освоено 20 713, а СДСМ 5 857 глас по обработени 9,61% избирачки места, 2,8% гласачи, информираат од аналитичкиот центар на ВМРО-ДПМНЕ. Според податоците ДУИ има освоено 7 552 гласа, а Влен 4 100 гласа. За Левица гласале 1 771, ЗНАМ 1522 гласачи.

Кандидатката за претседател на Република Македонија Гордана Силјановска Давкова има освоено 86688, а кандидатот поддржан од СДСМ, актуелниот претседател Стево Пендаровски, има освоено 34450 гласови од обработени гласачки места 8% обработеност по гласачи 2,3%, информираат од аналитичкиот центар на ВМРО-ДПМНЕ.

Според податоците, Силјановска има освоено 68,65% од обработените гласови. Според оваа аналитика, за Пендаорвски гласот го дале 27,28%. Неважечки се 5137 гласачки ливчиња