Како гласаше регионот за резолуцијата за Сребреница: Грција воздржана, Maкедонија,Црна Гора и Хрватска за, Унгарија против

Резолуцијата за Сребреница беше усвоена денеска на седницата на Генералното заседание на Обединетите нации со само 84 гласа „за“, меѓу нив и Македонија, 19 гласа „против“, додека 68 земји беа воздржани, вкупниот број гласови против и воздржани беше 87. Право на глас имаа 191 земја членка на ОН.

Според тооа, само 43 отсто од земјите во светот гласаа за Сребреница, додека 57 беа против или воздржани!

Земји кои гласаа против: Антигва и Барбуда, Белорусија, Кина, Коморите, Куба, Демократска Република Конго, Северна Кореја, Доминиканската Република, Еритреја, Есватини, Гренада, Унгарија, Мали, Никарагва, Руската Федерација, Сао Томе и Принципе, Науру , Сирија и секако Србија.

Земји кои се воздржаа: Алжир, Ангола, Аргентина, Ерменија, Бахамите, Бахреин, Барбадос, Бенин, Бутан, Боцвана, Бразил, Бурунди, Камбоџа, Камерун, Конго, Брегот на Слоновата Коска, Кипар, Доминиканска Република, Екваторијална Гвинеја, Етиопија, Габон, Грузија , Гана, Грција, Гватемала, Гвинеја, Хаити, Хондурас, Индија, Јамајка, Казахстан, Кенија, Кирибати, Лаос, Либан, Лесото, Мадагаскар, Малдиви, Мексико, Монголија, Мозамбик, Намибија, Непал, Нигерија, Оман, Панама, Папуа Нова Гвинеја, Парагвај, Перу, Филипини, Свети Китс и Невис, Света Луција, Свети Винсент и Гренадини, Сејшели, Словачка, Соломонски Острови, Јужен Судан, Шри Ланка, Судан, Суринам, Таџикистан, Тајланд, Того, Тринидад и Тобаго, Тувалу, Уганда, Обединетите Арапски Емирати, Виетнам.