Портпаролот на ИДФ, Даниел Хагари, рече дека ја следат заканата во нивниот воздушен простор и додаде дека за заканата ќе бидат потребни неколку часа за да пристигне во Израел. ГПС нема да биде достапен во одредени области како дел од подготовките, рече Хагари, пренесе Си-Ен-Ен.

„Доколку откриеме конкретни закани кои имаат пократко време на пристигнување, веднаш ќе ве ажурираме“, рече Хагари. „Бараме од вас да бидете внимателни и да ги следите упатствата на командата на Домашниот фронт. Ги разбираме овие закани и сме се справиле со нив во минатото“.