Тошковски: Бојмацалиев не мора да се слика на граница, новите пасоши може да ги види во магацините на МВР (ВИДЕО)

Министерот за внатрешни работи од ВМРО-ДПМНЕ Панче Тошковски објави дека во МВР пристигнала нова пратка од 30 илјади обрасци за пасоши.

Тргнувајќи од фактот што на една од предходните пратки пасоши заменикот технички премиер од СДСМ Бојмацалиев отиде да се слика на граничен премин, Тошковски иронично му порачува на својот заменик дека не мора да оди на граница за да прави пропаганда.

Бојмацалиев не мора да се слика на граница, новите пасоши може да ги види во магацините на МВР”, му порачува Тошковски во изјавата.

Предходно дополнителниот заменик министер го обвини својот шеф дека не бил ефикасен во решавање на проблемот кој се случи за време на Оливер Спасовски.

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев запрашан за застојот во издавање на личните документи образложи дека со доаѓањето на техничката влада, министерот направи некои реформи, познати од само нему некои лични причини, коишто не донесоа никаков резултат.

„Според последните сознанија што ги имам и бројките што ги побарав, над 100.000 граѓани ги немаат добиено своите пасоши во законскиот рок. А само ќе напоменам дека пред техничката влада, сите граѓани ги добиаа своите лични документи во рок од 15 дена. Но за среќа техничката влада завршува за брзо па ќе ги вратиме управните служби на прав колосек, граѓаните ќе бидат сликани и услужени за 15 дена да ги имаат своите документи. Тоа го зборував уште од првиот денл, но не наиде на разбирање дека не е само да ги сликаме граѓаните, да им ги земеме парите, а да не им ги дадеме пасошите. Граѓаните чекаат некаде веќе два и пол месеци за одредени документи за кои уредно си платиле и се сликале“, потенцираше дополнителниот заменик министер Бојмацалиев.