Силјановска Давкова од Кочани: Време е за четврти Илинден и за четврта македонска република
Македонија каде на вистински места да дојдат најдобрите и најумните, а не да заминуваат. Пристојна држава. Само така ќе не почитуваат, рече таа.
Денешната кампања на кандидатката за претседател на Република Македонија, Гордана Силјановска Давкова заврши со митинг во Кочани.
Во својот говор професорката Силјановска Давкова порача: „Време е за четврти Илинден и за четврта македонска република“.
-Она што особено ме вознемирува деновиве е свеста дека ќе славиме 80 години од АСНОМ, вториот Илинден. Гордоста како во химната сме ја заслужувале и зајакнувале со битката за правдините. Така беше со Крушевската Република, со партизаните и АСНОМ, така беше и во 1991 година. Мислам дека е време за четврт Илинден, за четврта Македонска Република. Република од народот и за народот. Република со стандарди во сите области со стручна и компетентна администрација. Македонија каде на вистински места да дојдат најдобрите и најумните, а не да заминуваат. Пристојна држава. Само така ќе не почитуваат, рече таа.
Целиот говор и митинг може да го проследите на овој линк: