Прво и единствено соочување: Сите претседателски кандидати вечер на дебата на МРТ 1

Првото и единствено предизборно соочување на сите седуммина кандидати за претседател на државата ќе се одржи вечерва на МРТ 1.

Од јавниот сервис за „360 степени“ ја потврдија информацијата дека сите кандидати за шеф на државата ја прифатиле поканата за дебата.

Соочувањето ќе се емитува од 20 часот на првиот канал.