Објавени ужасни детали: Данка била жива откако ја удриле со автомобил, еве како ја убиле

Еден од нив излегол од автомобилот и со голи раце го задавил детето, пишува порталот ПИНК.

Данка Илиќ, според неофицијални информации кои ги пренесе порталот ПИНК, била жива откако двајца работници ја удриле со автомобил.

-После тоа, еден од нив излегол од автомобилот и со голи раце го задавил детето, пишува порталот.

Убијците на Данка Илиќ биле под дејство на алкохол кога со автомобилот го удриле девојчето, а потоа го задушиле и фрлиле во депонија.

Данка е убиена само 7 минути откако нејзината мајка пријавила дека нејзиното дете исчезнало.

Двајца работници во српски „Водовод“, го фрлиле телото на исчезнатата Данка Илиќ (2) на дива депонија на Старобањска, откако го удриле девојчето со возило.

Според медиумите, траги од крв биле откриени во службеното возило на „Водовод“ со кое се покажа дека е убиено девојчето.

Според медиумите, во автомобилот биле пронајдени траги од крв, по што била извршена ДНК анализа и потврден е идентитетот на исчезнатата Данка Илиќ.

-Според планот за работа на компанијата, се знаело кој управувал со автомобилот во критичното време, со проверка на базните станици, па се потврдило. Осомничените се приведени и веднаш го признале убиството, вели изворот на српските медиуми.

На автомобилот претходно денеска со судска истрага биле пронајдени траги од крв, а врз основа на тоа се приведени две лица.