Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ до албанската опозиција: Да се почитуваме како пријатели и сограѓани
Од платото пред Владата, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ѝ се обрати и на албанската опозиција.
Сакаме да коалицираме со вас, но и да се почитуваме како пријатели и сограѓани. И Македонците и Албанците и сите останати ги имаат истите проблеми и предизвици. И вашите синови и ќерки се иселуваат исто како и нашите. Да работиме заедно за држава со систем во која сите еднакво ќе имаат привилегии, но и одговорност.
Порака испрати и до ДУИ.
И опозиција е добра за развојот на една партија и за себе евалуација на сопствените грешки. Ослободете се од криминалот, ослободете ја државата од вашите корумпирани функционери и ќе го цениме тоа како ваш влог во соживотот и во системот на државата.