Извештај за 2023 на Стејт Департментот – МАКЕДОНИЈА ЗАГЛАВЕНА ВО КОРУПЦИЈА И НАСИЛСТВО ВРЗ НОВИНАРИ

Стејт департметнтот нотира сериозна владина корупција и сериозни ограничувања на слободата на изразување и слободата на медиумите, вклучително и насилство и закани со насилство врз новинари, во Македонија за 2023 година.

Според извештајот иако законот предвидува кривични казни за корупција од страна на функционери, но оти владата не го спровела ефективно.

„Имаше бројни извештаи за владина корупција. Во септември, владата усвои измени на Кривичниот законик, значително намалувајќи ги обвиненијата и казните за кривични дела поврзани со корупција. Невладините организации тврдеа дека како најголем работодавач во земјата, доминантната улога на владата во економијата, создава широки можности за корупција“.

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) забележала дека корупцијата генерално се влошила.

Како што се додава постоеле значителни „одложувања во судењата кои вклучуваат сериозна корупција, при што само неколку беа завршени до септември, вклучително и оние против поранешни владини функционери. ОЈО Скопје покрена истрага за наводите дека персоналот на Државната клиника за онкологија крадел лекови за рак и ги продавал на црниот пазар. Граѓаните во многу наврати протестираа поради овие наводи, а полицијата и обвинителството на 1 септември упаднаа во клиниката за да соберат докази“.

Уставот предвидува независно судство, но владата не секогаш ја почитувала судската независност и непристрасност, вели извештајот.

Исто така се забележува дека анкетите покажауваат силна недоверба на јавноста кон судството.

Според медиумите и граѓанските организации, слободата на изразување била поткопана од неефикасноста на правосудниот систем, недостатокот на транспарентност во однос на медиумското рекламирање од страна на државните институции, несоодветното однесување во име на јавните службеници во нивната интеракција со новинарите, притисокот врз новинарите кои истражуваат корупција, дезинформациите, говорот на омраза во онлајн и социјалните медиуми, и самоцензура.

Медиумскиот синдикат известил за случаи на притисоци и закани врз членовите поради спротивставување на овие амандмани.

Владата презеде ограничени чекори за да ги идентификува и казни службениците кои можеби извршиле кршење на човековите права, забележува извештајот.

Независните медиумски здруженија изразиле стравување во врска со предложените измени на Законот за аудио и аудио-визуелни услуги, кои би можеле да дозволат владини кампањи од „висок јавен интерес“ да се рекламираат преку комерцијалните радиодифузери. Критичарите тврдат дека ова може да ја влоши медиумската корупција и уредувачкото мешање, вели извешатјот.