Дисциплинска за вработените во Шуми кои истовараа столици со службено возило

Службено возило на Јавното претпријатие „Национални шуми“ вчера претпладне на ден 05.04.2024г. е фотографирано на улицата „Боемска“ во скопско Дебар маало.

Директорот на ЈП „Национални шуми“, Валентин Груевски, e запознаен со случајот и бидејќи станува збор за злоупотреба на службено возило за приватни цели и за Возачот, кој е задолжен со возилото, покрена дисциплинска постапка и ќе биде соодветно казнет.

Ја информираме јавноста дека никакви злоупотреби од страна на вработените во ЈП”Национални шуми” нема да се толерираат и сите неправилности ќе бидат соодветно санкционирани, велат од претпријатието.