Дипломатијата киднапирана од ДУИ: 2.200 граѓани ќе останат без работа во Србија преку „Отворен Балкан“ поради Oсмани
Македонската дипломатија е киднапирирана од страна на ДУИ. Најновото барање на министерот за надворешни работи од Мала Речица Бујар Османи дека ќе предложи Македонија да излезе од иницијативата Отворен Балкан ги исплаши нашите граѓани кои видоа можност да најдат работа во Србија или Албанија.
Според официјалните податоци,2.200 лица се пријавиле во последниот месецво рамките на слободниот пристап до пазарот на трудот.
„Слободен пристап до пазарот на трудот“ е најголема придобивка од „Отворениот Балкан“ . Најавите се дека до почетокот на летото дури 10.000 работници без никакви пречки ќе работат во трите земји. Османи сака сево ова да го уништи.
Повеќе од очигледна е причината зошто Османи сака Македонија да излезе од „Отворен Балкан“.Го боли што таму не е Косово а лидерската улога ја има Србија. За Македонија најмалку се грижи.
Следен чекор кој може да се очекува од дипломатијата на ДУИ денеска во рамки на Парламентарното Собрание на Советот на Европа да поддржи Косово да стане членка. Ова е спротивно на сите меѓународни правни норми бидејќи Косово не е членка на Обединетите нации и според Уставот на Србија која е постојана членка на СЕ Косово е нивен составен дел.
И како капак на однесувањето на Османи е најавата дека Македонија ќе биде промотор во Обединетите нации да се изгласа Резолуција за Сребреница според која Србите ќе бидат прогласени за геноциден народ.
Османи веројатно не знае или се прави дека не ја знае дефинцијата за геноцид и оти тоа е системско уништување на еден народ или нација. Тоа секако го немаше во Сребреница каде имаше војна во која гинеа и се убиваа од двете страни.
Впрочем и неговата партија додека го носеше името УЧК или ОНА беше дел од една војна, или конфликт, како сака нека ја нарече. И во Македонија се убиваа луѓе Бујаре.