Да донираме за Кате: Ја води најтешката битка, потребна е наша помош
Катеринка Стефановски од Берово е магистер по фармација. Во моментов се соочува со голем здравствен проблем за кој има потреба од наша помош.
Таа веќе се лекуваше и оперираше од тумор во Турција, но болеста е немилосрдна и ја однесе уште пред една битка.
Нејзини блиски објавија апел на социјалните мрежи и замолуваат секој кој може да донира.
-За жал, нашата Кате по втор пат се соочува со голема битка и тежок животен предизвик. За понатамошно лекување за нејзината болест во Турција, ни се потребни финансиски сретства. Да дадеме поддршка и да покажеме дека не е сама, стои во апелот.
Можете да донирате и на ОВОЈ линк преку gofundme.com.