ТРАГЕДИЈА: Почина Мирко Петровски – познатиот македонски бодибилдер и фитнес тренер

Мирко имаше своја теретана, а уште од мали нозе се занимаваше со бодибилдинг. Беше персонален тренер на многу наши познати личности.

Почина познатиот македонски бодибилдер и фитнес тренер, Мирко Петровски.

Веста на социјалните мрежи ја сподели познатиот музичар Панчо.

– Сѐ уште сакам да мислам дека е само еден лош сон. Мирко мој, не требаше вака да не оставиш. Знам дека имаше уште многу планови зацртани и многу работи недокажани. Денес изгубив(ме) голем другар, голем спортист и татко. Couch мој, на поубаво место си секако каде конечно ќе го најдеш твојот душевен мир.

Ќе те памтам како добар човек и лојален другар. Вечна ти слава Мирко Петровски – напиша тој на нивната заедничка фотографија.