СКАНДАЛ: Полицајци тераат кампања, училиште претворено во штаб на ДУИ – ќе има ли казни за овие прекршувања?

Според закон, полициски службеници од МВР НЕ СМЕАТ да членуваат и да застапуваат политички партии, а имаат и забрана да истакнуваат јавно ставови и активности на партиите.

Полициски службеници на партиски средби со ДУИ, по кои јавно ја покажуваат поддршката кон Али Ахмети. Ваквото однесување, освен што е скандалозно, е и кршење на законите.

На социјалните мрежи се објавени фотографии од средба одржана во училиште, организирана од партијата ДУИ.

Според информациите, на оваа фотографија се полицајци од ПО Кривогаштани, Ропотово, полицајци во управни служби, полициски инспектор…

Дополнително е скандалозно што средбата се одржува во училиште, а на неа е присутен и директорот  кој просториите во кои треба да учат деца ги ставил во служба на партијата ДУИ.

Според закон, полициски службеници од МВР НЕ СМЕАТ да членуваат и да застапуваат политички партии, а имаат и забрана да истакнуваат јавно ставови и активности на партиите.

Дали надлежните институции ќе бидат доследни и ќе ги почитуваат законите?

МВР треба итно да превземе соодветни мерки за полициските службеници кои јавно тераат кампања на политичка партија.

На социјалните мрежи се поставува прашањето дали еднаш законите за ДУИ ќе важат како и за обичните смртници?