Полицијата со полни раце работа: Уапсени повеќе дилери од Скопје
Денеска (10.03.2024) во 02.30 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода К.П.(28) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (10.03.2024) во 03.05 часот пред угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.К.(26) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна поднесок.
Денеска (10.03.2024) во 02.15 часот во угостителски објект на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Х.Р.(18) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана и метална дробилка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна поднесок.
Денеска (10.03.2024) во 02.20 часот во угостителски објект на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Х.П.(24) од Прилеп затоа што кај него била пронајдена и одземена грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна поднесок.
Денеска (10.03.2024) во 02.20 часот пред угостителски објект на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и таблета. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 09.03.2024 во 12.25 часот на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Ц.(41) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 09.03.2024 во 11.20 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода А.Т.(30) и Х.З.(27), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.