Пендаровски го помилувал водачот на „Барон“ нарко кланот кој се пука низ Скопје

Бедри Зекири, еден од водачите на нарко групата „Барон“ минатата година се најде на списокот на помилувани лица од страна на претседателот Стево Пендаровски.

Комисијата за помилување која е под директна надлежност на шефот на државата одлучила да му ја намали казната на Зекири и покрај негативното мислење на Министерстото за правда.

Со ова на Зекири казната му е намалена за шест месеци а во затвор ќе остане до 2027 година.

Нарко групата Барон на Зекири деновиве е во центарот на вниманието откако кај скопско Блаце беше убиен Зелкиф Туша.

фото Код

Зелкиф е татко на Ганиф пак кој е осомничен дека во Грција го убил Орхан Бајрами-Оки од спротиставениот клан Грчец/Дуканџик.

Како одмазда, минатата недела гореше кафе барот „Барон“ во Чаир кое е собирно место на оваа криминална група.

Емисијата „Код“ објави помилуваниот Зекири си го променил дури и презимето.Претходно се презивал Бериша.