Нема ни И од изградбата, ни Р од реконструкцијата на студентските домови што ја вети СДСМ!

Не е ни чудно што студентите се радикализираат поради сиромаштијата и условите на студентските домови – поминаа скоро 8 години, а нема ни камен-темелник за ветуваниот Студентски град.

„Колку пати во последните 10 години ветија дека ќе ги поправаат студентските домови? За тие 10 години ќе можете да изградите цел студентски град“.

И покрај тоа што е клучно предизборно ветување на Социјалдемократскиот сојуз од 2016 година, замислениот Студентски град останува обичен концепт. Сега, речиси 8 години од нивниот мандат, сè уште нема поставен камен-темелник, оставајќи ги студентите разочарани и доведувајќи ја во прашање посветеноста на промените.

Да се потсетиме на една прес конференција на Стефан Богоев колку убаво и милно ги лажеа студентите и да го прашаме:

Господине Богоев, до каде е реконструкцијата на постоечките и изградбата на нови студентски домови???