Во Охрид изгоре кафуле, сопственост на јавниот правобранител Агрон Речи

Охридскиот градски пазар утринава околу 4 часот беше опожарен, пренесе Охрид Скај.

Пожарот, како што наведува медиумот, почнал во кафулето во сопственост на Агрон Речи, јавен правобранител на РСМ.
-Изутрина околу 4 часот голем пожар го зафати дел од охридскиот градски пазар. Како што дознаваме, пожарот избуванал во кафич кој е во сопственост на јавниот правобранител на РСМ Агрон Речи, а од пожарот биле зафатени и соседните деловни објекти. Во моментов големи полициски сили и јавни обвинители вршат увид на местото на настанот, наведува Охрид Скај.

-Добиена е дојава за пожар околу 03:30 часот, при што реагиравме соодветно и наскоро пожарот е изгаснат, информираа за Супер радио и OhridPress од охридската противпожарна единица.