На 24-ти април и 8-ми мај ќе победи чесна и намачена Македонија

На 24ти април и 8ми мај ќе победи чесна и намачена Македонија!, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

Ќе победиме заедно со секој еден од вас што е против криминалот и корупцијата, што сака средена држава и силна економија!

Ја имам честа да сум НОСИТЕЛ на листата на ВМРО-ДПМНЕ за ЧЕТВРТАТА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА! Ќе победиме со најдобар резултат во историјата на демократските избори во Македонија!

Ќе бидам секој ден со вас, со младите и старите, со земјоделците, работниците, пензионерите, малите и средни претприемачи, професорите и студентите!

Победуваме!, пишува Николоски во својата објава.