Се судрија крилата на Села и Таравари, свикана седница за промена на претседателот

Претседателот на Централното собрание на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, на прес-конференција во седиштето на партијата во Тетово објави дека свикува седница на ова партиско тело за в сабота на која ќе се бара одговорност за претседателот на партијата, Арбен Таравари. Рече дека и покрај одлуката на партиските органи за АА да оди самостојно на парламентарните избори, Таравари решил да оди спротивно на ова по вчерашната објава на Фејсбук во која побара поддршка за АА да оди на избори заедно со опозициските партии на Албанците.

Претходно беше објавено дека Таравари, кој вчера јавно побара партиските органи да донесат одлука за настап со албанската опозиција на претстојните избори, за 24 часа собрал потписи за поддршка од 80 од вкупно 133 члена колку што брои Собранието на партијата.

– Иницијативата на претседателот Таравари доби поддршка од мнозинството собранија на АА. За 24 часа доброволно се собрани 80 потписи на Собранието од вкупно 133 колку што брои Собранието. Поголемиот дел од Собранието на Алијансата за Албанците е јасно за сигурна промена. Претседателот Таравари повикува на мудрост, зрелост и единство, за ДУИ конечно да биде испратена во опозициа. Промената доаѓа, се наведува во објавата на Фејбсук на АА.

Како што јавува Алсат, по јавната изјава на претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, дека за изборите треба да се спојат со албанската опозиција, Зијадин Села со помош на полицијата го узурпирал седиштето на партијата.

Зијадин Села со помош на полиција го узурпирал седиштето на Алијанса