Неприкосновен: Македон Димитровски повторно се закити со златен медал на натпреварот „Математика без граници“

Учествува на семинари за македонски јазик и литература, игра шах и повторно успеа да освои златен медал по математика. Малиот Македон Димитровски од Тетово повторно е доказ дека талентот не познава граници.

Учествува на семинари за македонски јазик и литература, игра шах и повторно успеа да освои златен медал по математика. Малиот Македон Димитровски од Тетово повторно е доказ дека талентот не познава граници.

Малиот генијалец од Тетово, Македон Димитровски, повторно освои златен медал во зимскиот дел од натпреварот „Математика без граници“, што се одржа на почетокот на месецов.

Во зимскиот дел до натпреварувањето учествуваа 28 земји, меѓу кои и Македонија, а резултатите од престижното натпреварување беа објавени денес на официјалниот веб-сајт на турнирот.

Како што може да се види, малиот генијалец од Тетово повторно успеа да се закити со златен медал во натпреварувањето за трето одделение и со тоа да нѐ направи горди, затоа што навистина поседуваме вистински таленти.

Инаку, Македон е прв основец што ја добил наградата за млад талент, а за време на зимскиот распуст тој имаше средба со странските македонисти во рамки на четвртата зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.

За време на семинарот, Македон ги воодушеви сите со познавањето на дејноста на светите браќа Кирил и Методиј, но и со тоа што наизуст ја знае старословенската азбука.

Исто така, тој беше дел и од симултано натпреварување во шах, каде успеа да заврши со нерешен резултат.