МАКЕДОНКА Е УБИЕНА ВО ГЕРМАНИЈА: Сопругот ја избодел до смрт пред синот

Кавадарчанката која сопругот ја уби во Германија, ќе биде погребана утре.

Уште едно убиство на македонски државјанин се случи во Есен. Сопругот пред очите на нејзиниот осумгодишен син до смрт ја избодел 41 годишната жена. Таа искрварила до смрт.

Постариот син (16) ја известил полицијата за убиството. Кога дошол дома околу 19 часот, неговиот помал брат стоел пред заклучената врата од станот. Тој бил вознемирен и раскажал дека мајка му е внатре и лежела на подот повредена.

Полицајците кои пристигнале ја пронашле жената облеана во крв во станот во областа Креј. Лекарот од итната медицинска помош и болничарите се обиделе да ја реанимираат мајката, но залудно.