ВМРО-ДПМНЕ: Со неверување слушаме како СДС се гордее со бугарскиот диктат, а како ќе го промениме ќе видат по 8-ми мај

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека со неверување слушаат како СДС се гордее со бугарскиот диктат, а како ќе го променат ќе видат по 8-ми мај.

Бугарскиот диктат кој Македонија го прифати заради слабата власт е најлошата работа која државата некогаш ја прифатила.

ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со бугарскиот диктат и тој мора да биде променет, а Македонија да добие подобра позиција.

Фрапантно е како една партија може да се гордее со поразите на сопствената држава, па макар таа партија била и СДС. Од друга страна разбираме зошто Каевски излегува и се срами себе, милионите на сметка и имотот очигледно тежат. Нека не се потресуваат во СДС, за Македонија доаѓаат подобри времиња. А тие кои ја уништија државата набргу од сега ќе бидат минато, затоа што со СДС немаме држава, и тоа мора да го промениме, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Каевски претходно изјави дека ВМРО-ДПМНЕ не можеле да го променат, како и деа сме го имале најдобриот договор.

Го имаме најдобриот договор што можеше да го добиеме. Туку затоа што преговарачката рамка е одобрена и прифатена од 27 земји членки на ЕУ, рече тој.