ВИДЕО Луѓето скокаа од терасите за да спасат жива глава: Доцна синоќа голема трагедија – најмалку 4 лица загинаа во пожар во зграда во Валенсија

Луѓето скокаа од тарасите за да спасат жива глава: Доцна синоќа голема трагедија – најмалку 4 лица загинаа во пожар во зграда во Валенсија

– Најмалку четири лица загинаа, а 14 се повредени, а 19 се водат како исчезнати во пожар во 14-катна станбена зграда во шпанскиот град Валенсија.

Можеме да потврдиме дека има четворица загинати, изјави, заменик-директор на службите за итни случаи за регионот на Валенсија, Хорхе Суарез Торес.

Претходно итните служби известија дека 14 лица се згрижени со повреди од различен степен, помеѓу повредените е и едно седумгодишно дете. Шест од повредените се пожарникари.

Пожарот што избувна создаде облак од густ чад и на пожарникарите им беше многу тешко да се справуваат со огнената стихија.