Талат Џафери: Казни заради ЦРНИ ЛИСТИ не се дел од македонскиот Устав и закони

Талат Џафери вели дека е против предлогот за црните листи да станат дел од македонскиот правен поредок, бидејќи тоа, според него, не е предвидено во Уставот и законите, а тие не се меѓународни документи, па да се ратификуваат и да влезат во македонскиот правен поредок.

-Нема закон што ќе спречи корупција. Ни овде ни во светот. И тоа не е појава што е само за регионот. Некаде е институционализирана, некаде е во четири очи. Ветингот е прво внатре, совест, од личноста, лична карактеристика – да имате чувство за одговорност што смеете, а што не смеете да правите. Ние и како партија го предложивме. Може да седнеме со експерти да формулираме кои би биле техниките од дефиниција до спроведување, вели Џафери во интервјуто за Слободен печат.

Идниот премиер кој ќе ја предводи техничката влада во интервјуто на прашањето оти народот смета дека политичарите се корумпирани, вели дека граѓаните не грешат и дека народот е секогаш во право.

„Граѓаните не грешат сигурно. Народот секогаш е во право. Таа перцепција низ процедури треба или да се потврди или да се отфрли“, вели Џафери.

Околу предлозите за црните листи на САД и Обидинетото Кралство да бидат дел од македонскиот поредок Џафери со свое размислување: “Во однос на предлогот за црните листи да станат дел од македонскиот правен поредок јас сум против оти тоа не е предвидено во Уставот и законите, а тие не се меѓународни документи, па да се ратификуваат и да влезат во македонскиот правен поредок.“