„СКИ ЦЕНТАРОТ ПОПОВА ШАПКА ГО ПРОБУШИ И ДНОТО“: Се продаваат карти, а скијачите скијаат на земја, сува трева со корења и камења – не се лажете дека има снег!
Ски центарот „Попова Шапка“ периодов работи со полна пареа, откако неодамна падна снег, но не доволно за да работи центарот (доколку би имало некои прописи и инспекциски надзор).
Но, очигледно во недостаток на пари, оние што стопанисуваат со центарот одличија да ќарат пари од скијачите.
Оние што ги посетија ски-стазите овие денови се речиси разочарани од терените и особено од фактот што се пушта да работи ски центарот иако нема буквално никакви услови, а најмалку снег…
Скијачите на Попова Шапка скијаат на трева, грмушки и земја! pic.twitter.com/b7azskAiDQ
— Курир (@KurirMK) January 25, 2024