ПАДНА Ш.М ОД ГРЧЕЦ, криминална група набавувала кокаин од Латинска Америка, ВРШЕЛА И УБИСТВА (ВИДЕО)
Специјалните единици на МВР со помош на обвинителството во денешната акција во скопско, го обезбедија лицето Ш.М, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Спасовски на прес конференцијата изјави дека акцијата е спореведена во соработка со ЕВРОПОЛ, односно колегите од Франција, Белгија и Холандија.
Станува збор з аорганизирана група, која работела меѓународно и тоа вршела шверц на кокаин од земји во Јужна Америка, како Бразил , за потоа дрогата да ја препродаваат на европските пазари.
Спасовски објави дека за 16 лица ќе бидат изготвени кривични пријави, а во моментот 7 од нив се уапсени, од кои 6 во државата и едно во Шпанија.
Полицијата претресла 20 локации, а групата дејствувала од декември 2019 до март 2021 година.
„Пријавениот Ш.М. заедно со уште две лица О.Б. и Ј.К. формирале група за вршење на убиства. Организаторите создавале планови и носеле одлуки, а ги спроведувале лично или преку припадници“, рече министерот Спасовски.
Како што објави, групата стои зад организацијата и обидот за убиство на лице од селото Бардовци, албански државјанин чиешто тело било најдено на 15 мај 2020 година Матка во Скопје во 2020 година, како и двојното убиство на 5 март 2021 кога во Скопје беа убиени А.Б. и Б.В.
„Лицата организатори извршиле повеќе кривични дела, а се работи за неовластено производство дроги, убиства и обиди за убиства“, рече Спасовски.
Истовремено, набавиле 435 килограмим кокаин од Бразил, од кој преку Белгија дел требал да пристигне во Македонија, како и 106 килограми кокаин со траекторија Перу – Холандија – Македонија.
Набавувале дрога и од Колумбија, а ја пренесувале преку ЕУ, но и преку Албанија до Македонија.
Оваа криминална група е поврзана и со нарачани убиства, за што има доволно прибавени докази, рече Спасовски и додаде дека тоа се однесува на криминал извршен од 2019- до 2021 година.