Од фабрика за марихуана во Струмичко исчезна цвет вреден шест милиони евра!
Од фабрика за марихуана во струмичкиот регион исчезнале 2 тони цвет од марихуана,дознава Експрес.мк од добро упатени извори во судот во Струмица.
Во магацините каде се чувале вкупно 8 тони марихуана сега нема цели два тони медицинска марихуана која на пазарот на големо вреди најмалку 6 милиони евра.
Ако марихуаната е продадена на ситно цената на исчезнатата дрога е над 15 милиони евра.
Иако случајот е уредно пријавен МВР освен што според законот го обезбедува објектот засега нема поднесено соодветна пријава до обвинителството.