Мицкоски за ТВ 24: Во март ќе ја затвориме структурата на коалицијата со која ќе настапиме на изборите и официјално ќе ја почнеме кампањата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во емисијата 24 анализа во врска со неодржувањето на лидерската средба рече дека не комуницирал со Ковачевски, но дека стои на располагање за телефонски консултации.

– Треба работите да си се движат нормално и да не правиме естрада од тоа. Мене не ми пречи средба, може и по телефон да се разбереме за било кои отворени прашања. Имавме една лидерска средба во парламентот, се донесе одлука за дата и ценам дека ова е доволно. Разговараме со многу политички партии и нашата стратегија е јасна. Формиравме комисија за преговори со политички партии и таа комисија беше изгласана и поддржана од Извршниот и Централниот комитет на последната седница. Планираме да разговараме со партиите кои се веќе дел од постоечката коалицијата која предводи ВМРО-ДПМНЕ и тоа ценам дека ќе се случи во првата половина на февруари, а потоа да разговараме со сите политички партии кои сакаат да пристапат кон ВМРО-ДПМНЕ и тоа ќе биде во втората половина на февруари. Во март ќе ја затвориме структурата на коалицијата со која ќе настапиме на изборите и потоа официјално да ја почнеме кампањата. – рече Мицкоски.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.