Лукаревска се препелка во струмичко-косовскиот скандал со поврат на ДДВ тежок 22 милиони евра

Лукаревска треба да знае дека таа е одговорна што оваа разработена шема се случила и порано или подоцна ќе треба да дава одговори. Никогаш не било полошо, Важно е да ги поразиме, посочуваат од партијата.

Лукаревска се препелка струмичко-косовскиот скандал со поврат на ДДВ тежок десетици милиони евра. Излегуваат нови документи кои говорат за сериозен милионски криминал кој таа како најодговорна во најмала рака не го спречила, oбвини ВМРО-ДПМНЕ.

Имено документите покажуваат дека освен струмичката фирма АКТИКО, и друга струмичка фирма ХАНТОНОС, и двете отворени во 2022 година, биле продадени на косовски граѓани, откако претходно крајно сомнително повратиле вкупно 22 милиони евра по основ на ДДВ. Методот на малверзација е ист. Двете ново основани компании, набавуваат роба од неверојатни 50 МИЛИОНИ ЕВРА, добиваат право на одбивка на данок од по 11 милиони евра и после се продаваат на мистериозни лица од Косово, кои не се достапни ниту за УЈП, ниту за македонските институции.

Прво, како е можно за УЈП и за македонските институции да не биде сомнително две ново основани компании да увезуваат роба од по 50-тина милиони евра?!
Второ, зошто овие компании не биле проверени, пред да добијат право на одбивка на данок од 11 милиони евра?!

Трето, зарем за институциите не им било сомнително како една екстремно “успешна“ компанија да се продаде преку ноќ после добивањето на средствата?!

Како е можно толку сомнителна купопродажба да помине под радарот на институциите и истите компании и сметководства потоа да станат недостапни за надлежните?!, прашува ВМРО-ДПМНЕ

Овде се работи за два случаи со 22 милиони евра кои сега со леснотија Лукаревска и УЈП ги ставаат само на листата на должници. Овде постои сериозен сомнеж за криминал кој не е можен без знаење и дозвола од високи функционери од власта на ДУИ и СДС. Лукаревска треба да знае дека таа е одговорна што оваа разработена шема се случила и порано или подоцна ќе треба да дава одговори.

Никогаш не било полошо, Важно е да ги поразиме!