Коцевски: По изборите ќе има слобода за уставобранителите

На 24 април на првиот круг од претседателските избори СДСМ и ДУИ ќе доживеат катастрофа, истото ќе случи на 8 мај.ВМРО-ДПМНЕ ќе формира Влада и потоа ќе следи одговорност, нагласува Зоран Коцевски, пратеник на опозициската партија.

Коцевски вели дека списокот за политичка одговорност е прилично долг.

Ќе следи одговорност за Али Ахмети, Артан Груби, Ковачевски, Заев, Спасовски за целото зло што го направија на Македонија.Најважно е дека ќе следи слободата за уставобранителите-вели Коцевски во интервју за „Република“.

Тој објаснува што е конкретниот план за уставобранителите.

Тие имаат поднесено и до Врховен суд но се уште се нема изјаснето. Ќе се донесат и некои законски решенија и ќе добијат поддршка од Владата на ВМРО-ДПМНЕ.Тие не се терористи туку го бранеа уставот на Република Македонија и неоправдано се осудено 215 години затвор.Овде се во прашање фамилии и човечки животи и една од првите работи на владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде нивно ослободување.

Коцевски уверува дека никогаш не биле поподготвени за изборите.

Никогаш не сме биле поподготвени и пообединети.Секојдневно сме на терен со нашето членство и со граѓаните.Едвај чекаме да почне кампањата-вели Коцевски за „Република“.

Коцевски очекува 61 пратеник на изборите.

Верувам дека е достижна таа бројка и затоа ги повикувам граѓаните да излезат во што поголем бројка.Колку ќе биде поголема излезноста толку ќе биде поуверлива победата на ВМРО-ДПМНЕ.Не станува збор дали ќе победиме или не, победата е извесна туку е важно да имаме што поголем број пратеници за да не бидеме условувани.Разликата во пратеници ќе биде огромна,сметам дека СДСМ нема да помине 25 пратеници.Затоа ти ги молат нивните газди ДУИ да одат на заедничка листа па така. Како и да е ВМРО-ДПМНЕ е блиску до 61 пратеник.