ХАОС ВО БЕЛГРАД: Потона сплав, млади лица пливаат во река

Дел од гостите скокале во реката Сава и пливале кон брегот кога сплавот потонал, како што може да се види на видеата објавени на социјалните мрежи.

Познатиот белградски сплав „Картел“ потона синоќа по полноќ, во време кога на него имало голем број млади луѓе кои дошле да го следат концертот на сараевскиот рапер Цунами, пренесуваат српските медиуми.

Дел од гостите гостите скокале во реката Сава и пливале кон брегот кога сплавот потонал, како што може да се види на видеата објавени на социјалните мрежи.

-Некои почнаа да скокаат во водата и да пливаат до брегот, додека други останаа закотвени во страв. Веднаш дојдоа и родителите на гостите кои беа заглавени на сплавот. Луѓето беа нервозни. Видов дека брзата помош му помогна на едно момче. Сите беа во паника. Повикаа помош, изјавила за „Блиц“ девојка која била сведок на потонувањето на сплавот „Картел“.

Како што беше кажано во итната помош, на сплавот имало голем број претежно млади и малолетни лица во алкохолизирана состојба, кои се обиделе да се евакуираат на кејот Сава – скокајќи во водата.

„Нашите тимови згрижија околу 30 млади луѓе кои беа на сплавот. Тие не беа повредени, но мораа да пливаат во ладна вода и доживеаја голем стрес“, изјавија за

Танјуг од белградската служба за итни случаи.

Според дежурниот лекар, се започнало со дојава за тепачка на сплав, а на лице место биле припадници на жандармеријата, речната полиција и противпожарните екипи, кои интервенирале и ги извлекле оние кои скокнале во реката и се обиделе да доплива до брегот од Сава.

Според дежурниот лекар, до 02:00 часот во Ургентниот центар биле пренесени младо момче и девојка на возраст од 17 години, од сплавот биле евакуирани повеќе од 30 малолетни лица во алкохолизирана состојба, по кои дошле родителите, а на 10 алкохолизирани лица им била укажана лекарска помош на токсикологија на Воено – Медицинската академија.