Масакр во Прага: убиени најмалку 11 лица на Универзитет, а дестици се повредени

Најмалку 11 лица се мртви, а 24 повредени во пукање на Универзитетот во Прага, пришто напаѓачот е ликвидиран.

На социјалните мрежи се споделуваат фотографии од студентите кои се кријат на покривот од нападот.

https://twitter.com/Rightanglenews/status/1737855170221060459?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1737855170221060459%7Ctwgr%5E5857514285fe9165b279bbd18d08fc45f4f93168%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fsvet%2Fd0bcd0b0d181d0b0d0bad180-d0b2d0be-d0bfd180d0b0d0b3d0b0-d183d0b1d0b8d0b5d0bdd0b8-d0bdd0b0d198d0bcd0b0d0bbd0bad183-9-d0bbd0b8d186d0b0%2F

На социјалната мрежа „Икс“ се појави фотографија од наводниот напаѓач кој го изврши денешниот масакр, кој подоцна беше елиминиран.

Според зборовите на еден од предавачите на Филозофскиот факултет, студентите и вработените попладнево добиле електронска пошта да се забарикадираат.

Сличен мејл добиле и вработените во Уметничко-индустриското училиште кое исто така се наоѓа на плоштадот Јан Палах.

„Останете каде што сте, не одете никаде. Доколку сте во канцелариите, заклучете ги и поставете мебел пред вратата. Исклучете ги светлата, напаѓачот најверојатно е на четврти кат од зградата на Плоштадот Јан Палах“, стои во мејлот што е испратен.

Извор: Макфакс