Хан ни ја отвораше вратата кон ЕУ ако го смениме името, Фон дер Лајен прозорецот ако ги внесеме Бугарите во Устав

Претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен дојде и си замина од Скопје. Следна станица беше Приштина, па Сараево , Белград и од Србија ќе си го фати патот за Брисел.

Секаде носеше различни пораки па така кај нас ни порача дека мора да го смениме Уставот, на властите во Приштина дека мора да ја формираат Заедницата на српските општини, а на Србија дека мора да го признае Косово.Многу желби малку суштина.

Секако нас најмногу не интересира што ни порача за да ги почнеме преговорите со ЕУ. Главна пречка за тоа се уставните измени за кои власта се согласи без да се консултира со опозицијата кај која е клучот.

Оваа изјава на Фон дер Лајен потсетува на изјавата на поранешниот комесар за проширување Јоханес Хан. Тој пред промената на името ни порача дека вратата кон ЕУ за нас е отворена.

По прозорецот и вратата, следниот состав на Европската комисија веројатно ќе ни ја отвори и дневната соба.