ТРУЕЊА СО ХРАНА во компании, истата фирма има и со МВР на Спасовски ДОГОВОР ОД 13 МИЛИОНИ ЕВРА

Во два одделни објекти во исто време имало труење со храна овој месец, храната наводно се чувала несоодветно. Истата компанија која ги снабдувала овие компании каде се случило труењето, го снабдува и МВР со храна во дел објекти.

Според информациите станува збор за „Индустри сервис“, компанијата која на почетокот од годинава од Оливер Спасовски доби два договори од речиси 13 милиони евра за со храна да снабдува два витални објекти на МВР. Ова го тврди Радио Лидер од извори во Агенцијата за храна и ветеринарство.

Според нив на 02.11 тројца вработени од ФАКОМ пријавиле труење кај своите матични доктори, а на истиот ден, 6 лица од Ферал Механика исто така пријавиле труење но во Систина.

-Во двата случаи, затруените јаделе иста храна од Индустри сервис, а тоа се шпагети болоњезе, но по огромен притисок од политички извори инспекцискиот увид констатираше дека грешката не е во добавувачот, туку кај фирмата клиент која наводно несоодветно ја чувала храната. – вели изворот на Радио Лидер од АХВ.

-Од државна болница нема никаков извештај за овие труења кон Центарот за Јавно Здравје, иако ова е законска обврска на болниците, додека Систина уредно ги пријавила труењата до ЦЈЗ, но јавноста за ова не е запознаена. – вели изворот.

На почетокот од годинава, Наќе Чулев од ВМРО-ДПМНЕ, објави дека истата компанија за сума од речиси 13 милиони евра добила два тендери од министерството.

-Со двата тендери од речиси 13 милиони евра, кои се за период од 36 месеци, годишно Индустри сервис во просек може да наплати по речиси 4.5 милиони евра. Тоа е за речиси една третина повеќе од колку што се трошело до сега. Имено лани за цела година, МВР за набавки на храна потрошила само 3.3 милиони евра. – изјави од партиската говорница на ВМРО-ДПМНЕ, Наќе Чулев на 23ти јануари годинава.