Со месеци го лажела партнерот дека е породена: ОЈО отвори постапка против 23-годишната скопјанка што лажно пријави дека ѝ го нема бебето
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 23-годишна жена осомничена за лажно пријавување кривично дело.
Како што информира Јавното обвинителство, јавниот обвинител, ценејќи ги сите околности, до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерки на претпазливост. Тоа се забрана за напуштање на живеалиште, обврска на осомничената да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган и привремено одземање на патната исправа или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за издавање нова.