ПРИСТИГНАА АНГЛИСКИТЕ НАВИВАЧИ – засилено полициско обезбедување во центарот на Скопје!
Околу 2.000 навивачи на Англија допатуваа во Скопје за да ја бодрат својата репрезентација која вечер игра со македонската селекција. Голем дел од Англичаните веќе се наоѓаат во кафетериите во центарот на македонската престолнина.
Англиските навивачи се познати по својот темперамент, а често пати предизвикуваат инциденти на своите гостувања. Поради тоа, во центарот на Скопје има зголемено присуство на полицијата.
За подобра безбедност и на гостите од Англија и на македонските граѓани, угостителските објекти во ГТЦ од страната на кејот на реката Вардар се еден вид „тампон зона“ намената исклучиво за Англичаните.
Натпреварот меѓу македонската и англиската фудбалска репрезентација ќе се игра вечер од 20:45 часот на Национална арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Англија веќе обезбеди пласман на Европското првенство 2024, додека „црвено-жолтите“ квалификациите ќе ги завршат на претпоследното, 4. место, па средбата нема резултатско значење.