Никола Димитров: Царот е гол!

Да не беше ваков геополитичкиот контекст, се стекнува впечаток дека Европската комисија ќе нотираше и назадување во клучните области, но како и да е, Извештајот го потврдува тоа што македонските граѓани добро го знаат – царот е гол, колку и да се пeрчи! Ова за ДВ го изјави поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров, по вчера објавениот Извештај на ЕК за напредокот на Македонија.

Суштината на Извештајот е буквално во првите две реченици на комуникацијата на ЕК, кој е еден од документите во пакетот: македонските власти постојано зборуваат дека членството во ЕУим е стратешка цел, ама крајно време е да почнат да испорачуваат, посебно во најважните области – судството, борбата против корупцијата, јавната администрација, јавните финансии и јавните набавки, посочува поранешниот шеф на дипломатијата.

Вели дека Извештајот е дециден оти нема никаков напредок ниту во судските реформи, ниту во борбата против корупцијата, а во судството на тапет сосема логично е ставен Судскиот совет.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.