Мицкоски: Владата го искористи и самитот на ОБСЕ за криминал
Владата го искористи и самитот на ОБСЕ за криминал, смета опозицискиот лидер Христијан Мицкоски.
„Па, и од еден ваков настан, кој би требало да значи можност, еве странски високи дипломати да ги видат убавините на Македонија и главниот град, тие успеаја да отворат сомнеж за криминал со цените што ги прикажуваат тие. Дури не може да им конкурираат ниту најбогатите светски држави бидејќи се неколкукратно повисоки и од оние што таму на пазарот може да се најдат“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ при посета на општина Ресен, што е во рамките на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“ говорејќи за тоа што МНР за самитот на ОБСЕ ќе потроши еден милион евра за изнајмување возила.
Мицкоски додаде дека жали што и во последните моменти од мандатот актуелната власт докажува дека се обични криминалци.
„Жалам што и во последните моменти од овој мандат тие покажуваат и докажуваат дека се само обични криминалци. Ништо повеќе од обични криминалци. И навистина е за секаква осуда ваквото однесување“, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски.