Македонија го доби вториот меч со Грција во Солун

Нашата машка ракометна селекција оставри триумф над Грција и во драматичен меч славевме со 22:23, па така успешно го завтораме овој репрезентативен прозорец кој послужи како добра подготовка за Лазаров и ракометарите.

Македонија повторно беше доста подобар ривал во првите 30 минути и на пауза замина со плус два (12:10), но домаќинот не се откажа и ги искористи нашите грешки за да се врати во егал ситуација.

Во продолжение, често се играше гол за гол и повторно имаше доста тензија на теренот, но во такви услови подобро се снајдоа македонските ракометари кои направија клучен исчекор со предноста од 22:20.

Тогаш стана јасно дека победата ќе ја оствари македонската селекција, која сега се враќа во Скопје знаејќи дека ја чекаат нови два дуели со Грција на почетокот на месец јануари, но тие ќе се одиграат во нашата престолнина.