Илјадарката поткуп од владата на Ковачевски е потценување, инфлацијата ја изеде во првиот час од месецот

Илјадарката поткуп од владата на Ковачевски е потценување, инфлацијата ја изеде во првиот час од месецот. Народот не е на продажба, поткупот на власта не го решава проблемот, потребно е реално зголемување на платите и пензиите, 600.000 се во сиромаштија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Мерките на власта покажуваат две работи. Прво дека заради СДС и ДУИ народот се повеќе тоне во сиромаштија. И второ дека власта сака таа сиромаштија да ја искористи, па преку изборен поткуп да добие глас повеќе.

Таканаречените антикризни мерки не го решаваат проблемот, 600.000 луѓе живеат со 150 денари на ден, тоа е секој 3-ти Македонец.

За да излезат од сиромаштија граѓаните имаат потреба од темелни реформи, трајно зголемување на пензиите како што предлага ВМРО-ДПМНЕ, зголемување на платите и реален раст на економијата.

Поткупот кој власта го вика помош од 500 или 1.000 денари, во услови кога инфлацијата е двоцифрена не решава ништо кај граѓаните, само ги понижува.

Затоа што додека власта дели милионски тендери и безмилосно троши народни пари, продава милостиња за народот во вид на помош со која не може да се купат нити 2 килограми кашкавал, додаваат од партијата.