Земјопоседникот од црната листа на САД – Црногорецот Дака поседува цело село во Македонија (ВИДЕО)

Двајца странци од кои едниот е на црната листа на САД си купиле 2 КО во Штип.

Контроверзниот црногорски бизнисмен од црната листа на САД, Миодраг Дака Давидовиќ, е еден од најголемите земјопоседници во Македонија, покажува истражувањето на КОД.

Во штипско, тој поседува имот 2,5 пати поголем од територијата на скопската Општина Чаир. Исто парче земја во штипско поседува и фирма на косовски бизнисмени.

Владата веќе донесе урбанистички план со кој на Косовците им овозможува да градат фотоволтаична централа од 200 мегавати. Иако се работи за огромна инвестиција, владата го премолче донесувањето на планот.

Владата го менува ДУП да ја прошири +58% парцелата за Косоварот да гради соларна електрана.

Ниту една институција не проверила дали странциве “перат пари” во Македонија.

Целата сторија на КОД во продолжение