ГРУБИ: АЛИ АХМЕТИ ќе каже КОЈ ќе биде премиерот Албанец

Првиот вицепремиер вели дека ќе има премиер Албанец и дека нема ништо лошо да й се случи на државата со тоа како што немаше никаков проблем ни со избор на претседател на Собрание Албанец во два наврати. Целта на тоа, според Груби, е покажување дека сите граѓани се еднакви и рамноправни во оваа држава.

За шпекулациите за него како иден технички премиер, Груби повтори дека е прерано за него и за неговата политичка кариера да бидам премиер и да предводи влада.

„Друга кандидатура би била подобра и за државата и за партијата, оти ДУИ има изградено административни капацитети за различни функции и тоа се гледа по анкетите, рече Груби во гостување во СТУДИО 10 на ТВ 24..

Според него, тешко е веројатно некој од министрите во Владата од редовите на ДУИ да биде следниот премиер.

„Би било добро да е дама и госпоѓа. Ќе видиме, може јавноста ќе се изненади пријатно”, потенцира првиот вицепремиер.

Груби вели дека точно знаат кој ќе биде премиерот Албанец, но дека ќе остави тоа да го најави лидерот на партијата ДУИ Али Ахмети по разговорите со коалициските партнери со кои треба да се договори и начинот на кој ќе настапат на следните избори.