ГОРИ ФАБРИКАТА за бои и лакови „Еуроком“ во Тетово, населението да не излегува надвор

Опасен пожар беснее во фабрика за бои и лакови во село Фалиште, тетовско.

Според пријавата за пожар во ЦУК, преку Единствениот број за итни повици 112 гори во фабриката за бои и лакови „Еуроком”. Пожарникарите од ТППЕ Тетово веднаш се излезени на терен.

На припомош пристигнале и колегите пожарникари од Гостивар.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, по првичната координација на ЦУК за опасниот пожар кај с. Фалише се упати во тетовско.

Од Ангелов е координирана помош од пожарникарите од Скопје, Гостивар, Велес и Куманово. Побарана е и помош од гостиварски приватни фирми коишто можат да помогнат со машинерија, бидејќи ситуацијата е алармантна за расчистување на материјалите што се во магацинот, а не се фатени од пожарот.

На околното население им се препорачува да ги затворат прозорците и да не престојуваат надвор, на отворено.