Власта преку МВР ПРОГОНУВА МАКЕДОНЦИ ЗА ЗНАМЕТО со ,,Сонцето од Кутлеш”
Преку МВР на Оливер Спасовски структури на СДСМ и ДУИ прогонуваат граѓани кои го истакнале знамето со сонцето со 16 краци кое се смета за македонски етнички симбол и беше официјално државно знаме до 1995 година. Цели 6 месеци откако Охриѓанец го истакнал знамето со сонцето од Кутлеш СВР Охрид поднесол пријава до граѓанинот и го кани на суд, пишува Експрес.мк
Како што се додава прогонот кон граѓанинот формално го одобрува кадар на Оливер Спасовски, командир на Полициска станица Охрид.
Прогонот од кадрите на СДСМ и ДУИ во охридската полиција се случува иако пред охридскиот суд за исто дело веќе се води постапка против адвокатот Тони Менкиноски, стои во написот во кој се додава дека на три досегашни рочишта досега на ова судење не доаѓаат полициските службеници кои го почнале прогонот на македонскиот активист за човекови права, стои на Експрес