Кривична за негувателката од детска градинка во Велес која на децата им давала да користат електронска цигара

Отсекoт за економски криминал при СВР Велес поднесе кривична пријава против 38 годишната В.И. од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење“ казниво по член 353 од Кривичниот законик.

Како што попладнево информира портпаролот на СВР Велес, Билјана Ѓаковска, пријавената, вработена како негувателка во детска градинка во Велес, овозможила на деца од градинката да користат електронска цигара.